ФОТО: Охриѓани пристигнаа во Добој по заверка на започнатата мисија

Македонскиот суперлигаш и претставник во Еврокупот на ЕХФ, ГРК Охрид, пристигна во Градишка, Босна и Херцеговина, каде што утре, 22 ноември од 18:00 часот ќе го одигра реванш натпреварот од третото коло против екипата на Слога Добој

Екипата вечерва одработи тренинг во „Арена Градишка", по што замина на одмор и рекуперација пред утрешниот натпревар. 

Првиот меч во салата „Билјанини Извори" заврши со убедлива победа на македонскиот тим со дури 18 голови разлика, па затоа е јасно кој е фаворитот за пласман во следната рунда од континенталното натпреварување.