Охриѓани едногласни: Еурофарм е фаворит, но чуда се случуваат во ракометот

Ракометерите на Охрид утре го играат својот последен натпревар пред својата публика од регуларниот дел на сезоната во Суперлигата и ќе го пречекаат лидерот Еурофарм Работник. 

„Гладијаторите“ на Горан Андоновски сè уште се во игра за место во плеј-офот, но за тоа потребна им е победа над големиот фаворит, кој сè уште не знае за пораз оваа сезона. 

„Нè очекува натпревар со најдобрата екипа во регуларниот дел од Суперлигата. Сè додека имаме шанси за пласман плеј-офот ќе се бориме и нема да се предадеме. Екипата тренира, подготвена е за максимум и само така можеме да се надеваме на позитивен резултат. Жално ќе биде ако се предадеме, бидејќи „Рибарите“ и публиката која доаѓа не го заслужува тоа“, изјави голманот Јагош Брауновиќ.

На зборовите на младиот црногорски голман се надоврза искусниот Борче Соколов, кој вели дека чуда се случуваат во ракометот, а Охрид верува во тоа. 

„Ќе биде секако тешко секако, а без двајца ракометари уште потешко. Еурофарм Работник е ултра квалитетна екипа, а наша задача ќе биде да одиграме најдобро што можеме и да се надеваме на позитивен резултат. Нашиот противник е голем фаворит, но чуда се случуваат во ракометот“, рече Соколов.

Дуелот меѓу Охрид и Еурофарм Работник се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0