• Саше Љолес
Ракометарите на ГРК Охрид во второто полувреме успеаја да го срушат отпорот на екипата на Прилеп и ја извојуваа единаесеттата победа (38-28) во натпреварот кој се играше во рамките на 14. коло од македонската Суперлига.
- Комплетниот натпревар помеѓу ГРК Охрид и Прилеп:
Гостите од Прилеп покажаа дека не се противник за потценување и имаа водство од еден до два гола разлика во првите 15 минути, но потоа Охрид успеа да ги преземе нештата во свои раце и до паузата успеа да ја врати позитивата, 19-16.
Второто полувреме донесе слична слика на паркетот, домаќините немаа намера повторно да му дозволат на ривалот да се врати во игра, постојано ја зголемувааа предноста и на крајот сосема заслужено славеа уште поубедливо со конечни 38-28.
Најефикасен во победничкиот табор беше Иван Тасески со девет гола, а Гал Цирар додаде два помалку, додека на спротивната страна прво име беше Пеце Рајатовски со шест погодоци. Охрид сега има 11 победи во Суперлигата, додека Прилеп останува на пет триумфи, доволни за седмото место на табелата.