• Мартин Танасковски
Екипата на ГРК Охрид дојде до триумф во натпреварот против Бутел Скопје (26-23) кој се одигра во градот крај езерото во рамки на втората рунда од машката ракометна Суперлига.
- Комплетниот натпревар меѓу ГРК Охрид и Бутел Скопје:
„Рибарите“ се мачеа во првиот дел кој беше доста неефикасен, но во вториот дел успеаја да слават пред својата публика која беше присутна на трибините во солидна бројка.
Бутел на Кузманоски даваше голем отпор, мечот беше во егал до 9-9, а пред паузата, Цирар и Јукиќ врзаа два гола, за предност на охриѓани од 11-9. Алушовски го засили темпото на игра во второто полувреме, така Охрид замина на 14-10 и таа висока предност од четири гола се држеше константно. Највисоко што домаќинот водеше на мечот беше шест гола (20-14).
Најдобар стрелец во победничката екипа беше Рудолф Сафранко со шест гола, пред Гал Цирар со пет реализации, додека Ојлески, Матцуока и Јукиќ погодија по трипати. Кај Бутел, Ѓеоргиевски имаше седум гола, пред Михајловиќ со пет гола.