Охрид во вториот дел го скрши отпорот на Прилеп во последниот тест од подготовките

По ремито од пред три дена, екипите на Охрид и Прилеп го одиграа последниот пријателски натпревар од фазата на подготовки за пролетната сезона во Суперлигата. 

Овој пат, момците на Раде Стојановиќ одиграа далеку поквалитетни 60 минути и извојуваа убедлива победа од 27-18 (11-9). Прилеп сили за надигрување со перфектниот од првиот дел од сезоната имаше само за едно полувреме, додека во второто квалитетот на „гладијаторите“ дојде до израз, а со тоа и убедливата победа од девет гола разлика. 

За двете екипи ова беше последен тест пред новите суперлигшаки предизвици, во кои Охрид ќе се бори за титулата, додека Прилеп ќе брка опстанок во плеј-аутот.

Двете екипи во текот на следната седмица, за кога се закажано првото коло од Купот на Македонија започнуваат со официјалните натпревари. Прилеп ќе се судри со Аеродром, додека Охрид ќе игра со Делчево Вардар.