• Иван Димовски
Ракометарите на Охрид во вториот дел го скршија отпорот и го совладаа Бутел во Скопје со 28-33 (15-15) во средбата од 13. коло на Суперлигата. Момците на Стевче Алушовски стигнаа до десеттата суперлигашка победа, етаблирајќи се зад водечката тројка во лигата.
- Комплетниот натпревар меѓу Бутел Скопје и Охрид:
Од стартот бутелчани беа подобар ривал, бидејќи поведоа и имаа во неколку наврати по два разлика. Потоа се играше гол за гол, охриѓани само двапати водеа во полувремето, а на одмор се замина со целосно израмнети 15-15.
На стартот на продолжението Охрид отвори со два гола (15-17), но домашните пак дојдоа до егал. Тогаш гостинската екипа врза добра серија од 1-7 и се одлепи на 18-24. Тоа беше клучниот исчекор до победата на „гладијаторите“ кои до крајот рутински го одбранија стекнатото водство.
Со седум погодоци најефикасен играч на средбата беше Гал Цирар, додека кај домашните се истакна Филип Николов со шест.