ГРК Охрид тесно загуби од Нексе, но ќе се бори за „домашниот“ трофеј

Екипата на ГРК Охрид ќе игра во финалето на домашниот турнир „Крсте Андоновски“ иако доживеа пораз (29-30) од екипата на Нексе.

Причината за пласманот на „рибарите“ на Ројевиќ во финалето е кругот кој е формиран од три екипи со по четири бодови, а меѓу нив најдобар е Охрид. Нексе е втор во групата и ќе игра за третото место со Вардар, додека Партизан заврши како трети.

Лиапис имаше пет гола кај победникот, по четири дадоа Стрмљан и Иванковиќ, а блескаше на голот новиот голман Блажески со 17 интервенции.

Во финалниот натпревар ГРК Охрид ќе игра против Еурофарм Пелистер од 20:00 часот.

ФОТО: Tournament Krste Andonovski / Денис Дуковски

Најнови вести од
Клупски пријателски