Охрид спремен за рестартот на Суперлигата, позитивна атмосфера меѓу „гладијаторите“

Рестартот на Суперлигата треба да се случи следната недела, барем со натпреварите од групата А. Комплетен состав на ГРК Охрид го одбработи синоќешниот тренинг, откако дел од ракометарите успешно го пребродија вирусот ковид -19. „Гладијаторите“ низ тренинг со игра и забава, покажаа дека принудната пауза и вирусот не ја нарушиле позитивната атмосфера во екипата.

Ракометарите кои добија позитивни тестови согласно насоките од институциите поминаа одредено време во самоизолација, без големи симптоми и лесна клиничка слика.

Натпреварите во групата А продолжуваат в среда на 14 октомври. Охрид на рестартот ќе се сретне со Радовиш, а потоа следуваа мечевите со Пролет и Струга.