Охрид со победа над Пролет им го честита роденденот на „Рибарите“

Екипата на Охрид ја забележа осмата победа во новата сезона од Суперлигата и на домашен терен во СЦ „Билјанини Извори“ славеше над Пролет (29-28), во дербито на колото на македонскиот шампионат.

Домаќинот имаше контрола на играта во текот на целата средба и не дозволи гостинот од Скопје да направи било какво изненадување во „домот“ на охриѓани. Овој дуел беше од посебно значење за домашните, затоа што роденден славеше навивачката група на Охрид, „Рибари“.

„Гладијаторите“ имаа четири гола предност уште на полувреме, кога водеа со 16-12 против Пролет, а истата ја задржаа до самиот крај. Играч на мечот беше голманот Јагош Брауновиќ кој беше на висина од задачата и собра 22 интервенции а голгетерски се истакнаа Тасеки, Манасков и Тот.

Со овој триумф Охрид се врати на второто место на табелата во Суперлигата со 25 бода, пред Бутел со 24 бода. Лидер е Металург со вкупно 26 бода. Во наредното коло охриѓани гостуваат кај Работнички, додека Пролет ќе биде домаќин на Металург 2.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 15 13 2 0 515:374 141 41
2 Охрид 2013Охрид 2013 15 12 1 2 424:335 89 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 16 12 1 3 429:377 52 37
4 Пролет 62Пролет 62 16 11 2 3 510:412 98 35
5 РадовишРадовиш 15 7 1 7 432:441 -9 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 16 7 0 9 430:477 -47 21
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 15 5 2 8 391:396 -5 17
8 Металург 2Металург 2 16 2 1 13 437:525 -88 7
9 СтругаСтруга 15 1 1 13 347:457 -110 4
10 РаботничкиРаботнички 15 1 1 13 416:537 -121 4