Охрид славеше убедлива победа против тимот на Борец

Ракометарите на Охрид 2013, во рамките на 12. коло на ракометната Суперлига очекувано и сосема заслужено, во „Билјанини извори“ славеа победа против ГРК Борец со 43-29 (22-10). За ракометарите на Андоновски денешната победа е нивна деветта во елитниот ракомет на Македонија и со тоа ја продолжуват својата битка за пласман во плеј-офот.

„Рибарите“ уште од самиот старт најавија лесна победа против младинскиот погон на тимот на Борец, откако поведоа со 5-0, а потоа беше и високи 11-1. До крајот на првиот дел избраниците на Андоновски одиграа рутински и на одмор заминаа со позитива од +12 (22-10).

Вториот дел започна со по два гола на двете страни, по што следуваше нова серија на охриѓани, кои поведоа и со највисоки +16 (29-13). До крајот ракометарите на Охрид играа рутински, ја чуваа високата позитива и славеа победа од 43-29.

Најдобри кај победниците беа Костов и Петровиќ со по девет гола, додека кај Борец, Димитар Минов реализира 12 погодока.

Следен дуел за ракометарите на Охрид е мечот против тимот на Радовиш овој викенд.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 1 1 0 0 37:30 7 3
2 РадовишРадовиш 1 1 0 0 32:28 4 3
3 Пролет 62Пролет 62 1 1 0 0 21:19 2 3
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 1 1 0 0 26:24 2 3
5 РаботничкиРаботнички 1 0 1 0 25:25 0 1
5 СтругаСтруга 1 0 1 0 25:25 0 1
7 Охрид 2013Охрид 2013 1 0 0 1 19:21 -2 0
7 ПелистерПелистер 1 0 0 1 24:26 -2 0
9 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 1 0 0 1 28:38 -10 0
10 Металург 2Металург 2 1 0 0 1 30:37 -7 0