• Зоран Мишевски
Суперлигашот Охрид не ги крие своите амбиции за плеј-офот кој почнува во февруари 2024 година. Црногорскиот репрезентативец Адмир Пелидија е најново засилување на ГРК Охрид. 29-годишниот Пелидија игра на позицијата кружен напаѓач, а во Охрид ќе го носи дресот со број 11.
Во тимот на „гладијаторите“ доаѓа од Ал Аин Емирати, а претходно настапувал за Бузау (Романија), Билер (Франција), Алкобендас (Шпанија), Горажде (Бих) и Рудар Пљевља (Црна Гора). Има повеќе од петнаесет настапи за сениорската репрезентација на Црна Гора, како и за сите младински категории.
Стевче Алушевски претходно го обезбеди потписот на јапонскиот среден бек Хироки Мацуока.
Охрид на едно коло до крајот на првата фаза на Суперлигата е второпласиран во групата А, веднаш зад непоразениот Алкалоид.