Охрид се засили од Работнички, Анастасовски нов кружен напаѓач 

Екипата на Охрид со засилено темпо работи на збогатување на играчкиот кадар ова лето, откако од денес ново име во охридскиот состав е кружниот напаѓач Кристијан Анастасовски. 

Анастасовски во Охрид доаѓа од екипата на Работнички, а со неговото доведување новиот стратег Раде Стојановиќ, го затвори ростерот на играчи кои ќе дејствуваат на линијата од шест метри. 

Охрид го продолжи договорот со Иван Тасески, а по договор е Кристијан Димитриески кој моментално е со репрезентативен ангажман во кадетската селекција.

Пред извесен период Охрид за засили со голманот на Металург, Никола Даниловски, а најавуваат дека во следниот период ќе ги засилат позициите со среден и лев бек.