Охрид се засили од Филип Николов од Радовиш

Суперлигашот Охрид направи рокада на десната бековска позиција во составот за пролетниот дел на шампионатот. Во клубот пристигна Филип Николов, а замина Дејан Гошески.

20-годишниот ракометор во Охрид дојде Радовиш, каде ја одигра првата полусезона во Суперлигата. Николов потпиша договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката.

Најдобра препорака за ангажман на Охрид, младиот ракометар упати со добрите перформанси на дуелите со „гладијаторите“ во суперлигашкото друштво. Николов на мечот во Охрид постигна седум голови и беше најдобар стрелец, додека во Радовиш застана на четири погодоци.

Охриѓани подготовките за втората полусезона ќе ги започнат на 15 јануари.