Охрид против грчки ривал во борба за полуфинале во ЕХФ Купот!

Ракометниот клуб Охрид испиша своја историја и ќе заигра во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ. Со елиминацијата на Дукла Прага во осминафиналната фаза македонскиот тим продолжи меѓу осумте најдобри. 

Европската ракометна федерација - ЕХФ во своето седиште во Виена ја одржа ждрепката за четврттфиналната фаза. Среќата посака Охрид да налета на моќниот грчки шампион Олимпијакос.

  • Четвртфинални парови во ЕХФ Купот:

Татабања - Нилуфер
Целје - Бузау
Извиѓач - Карвина
Олимпијакос - Охирд

Македонскиот тим прво ќе гостува кај Грците во Пиреја, а потоа реваншот ќе го игра пред својата публика во Охрид.

Термините за натпреварите од четвртфиналето се 27/28 март и 4/5 април.