• Горан Упале

Екипата на Охрид започна нова ера! Во тимот пристигнаа доста квалитетни ракометари кои ќе работат под кормилото на српскиот стратег Борис Ројевиќ.
Покрај тоа раководството на суперлигашот мисли и на своите „бисери“, па така заедно со Илија Трајчески, кој потпиша професионален договор и тренира со првиот тим, за оваа 2025/26 сезона за Суперлигата и Европскиот Куп пријави уште тројца таленти од својата школа.
Шанса за сениорски ракомет ќе добијат младите Бојан Крстевски (голман) 17 години, Матео Сиљановски (среден бек) 17 години и Христијан Пупунцоски (лево крило) 17 години.
Базичните подготовки Охрид ќе ги одработи во својот град, најавени се учества на Струшкиот турнир, како и на „Крсте Андоновски“ на кој е и домаќин.
