Охрид преку Врање до меч за трофеј на турнирот во Прилеп

Македонскиот ракометен суперлигаш ГРК Охрид очекувано го победи српски Врање (28-22) и се пласира во финалето на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ кој се одржува во Прилеп.

Избраниците на Алушовски одиграа според планот, а дека само победата е опција покажаа уште на стартот кога се одлепија на 4-1. Потоа, беше 9-4, а иако Врање на полувремето дојде само на „минус два“ (13-11), сепак, триумфот го задржа македонскиот тим.

Ривал на ГРК Охрид во финалето на турнирот „Миле Нешкоски“ ќе биде победникот од дуелот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2.