Охрид патува на турнир во БиХ, во полуфиналето ќе се сретне со Слобода

Македонскиот ракометен суперлигаш, Охрид, по подготовките во својот дом и неколкуте пријателски средби се сели во Босна и Херцеговина, каде ќе биде дел од меѓународниот турнир во Тузла, кој се игра по повод 60-годишнината од формирањето на тимот на Слобода.

На турнирот во Тузла ќе учествуваат четири екипи, а покрај домаќинот и Охрид, за трофејот ќе се борат уште Металопластика и Орошези. 

Нашиот претставник во полуфиналето ќе се сретне со Слобода, в четврток од 20:00 часот. Доколку извојува победа веќе следниот ден од 18:00 часот ќе го игра финалето, а ако забележи пораз, мечот за третото место е закажан од 15:30 часот. 

Во досегашниот дел од подготовките, тимот предводен од младиот стратег Раде Стојановиќ одигра три контролни средби, две со косовска Беса и еден со освојувачот на турнирот во Струга, АЕК од Грција