Охрид останува непоразен, Пролет во три минути ја загуби главата

Екипите на Пролет и Охрид одиграа право дерби во македонскиот ракометен шампионат, кое заврши со победа на гостите (18-22) поради подобриот финиш на средбата.

Двата тима беа изедначени, а ако се погледне резултатот, победата на Охрид од четири гола не е воопшто реална. Кобните грешки во финишот му пресудија на тимот на Матлиевски, па Пролет ќе мора да се помири со неуспехот на домашен терен.

  • Комплетниот натпревар на Пролет и Охрид:

Гостинот подобро го отвори мечот, даде три гола во низа и поведе со 0-3, меѓутоа, домашните брзо се вратија во игра, изедначија на 3-3, а оттогаш па се до самиот финиш беше изедначено. Единствен мал блесок во првиот дел имаше Пролет, кога од 9-9 се одлепи на 12-9, но откако на паузата беше во два гола негатива (12-10), Охрид пак успеа да се врати.

Првпат во вториот дел избраниците на Раде Стојановиќ изедначија кога беше 14-14. Кон победата се вивнаа кога од 15-15, во само три минути дадоа три гола. Пролет направи три фатални грешки во нападите кои преку брза транзиција и контра ги казнија Кривокапиќ со два и Тот со еден гол (15-18), па на искуснуте „рибари“ тоа им беше доволно да го освојат полниот плен.

Најдобар кај победникот беше Кривокапиќ со осум гола, го следеше Тот со седум, додека кај Пролет, крилото Давор Палевски реализира шест пати.