Охрид останува без Спасовски до крајот на сезоната

Тимот на Охрид ќе биде ослабен за неиграњето на дефанзивецот Бојан Спасовски до крајот на сезоната. Кружниот напаѓач, кој најчесто игра во одбрана е најдобриот пеналџија на тимот во плеј-офот, па охриѓани ќе имаат проблем во преостанатите три дуели до крајот.

Спасовски се повреди на дуелот со Металург во дуелите на линијата против Жарко Пешевски. Тој има истегнување на патералната тетива на десното колено и за него сезоната е завршена, бидејќи треба да мирува околу еден месец.

Горан Андоновски и така има краток ростер на играчи, а без Спасовски ќе има уште потешка задача да се избори во дуелите со Пролет и Пелистер за четвртото место, кое ќе носи пласман во европските купови.