Охрид нема да поднесе барање за специјална покана за учество во Лига Европа

Македонскиот суперлигаш, Охрид и официјално нема да поднесе барање за специјална покана за учество во квалификациите за пласман во новоформираната Лига на Европа.

Иако првично постоеше големо расположение за апликација за „вајлд-карта“, сепак по детални анализи и разговори се донесе одлука клубот во новата сезона да се натпреварува само на домашно тло. 

„Целокупната ситуација влијаеше да донесеме ваква одлука. Ние се надевавме дека пандемијата на вирусот ковид -19 ќе се смири, гледачите ќе се вратат на трибините и европските мечеви ќе видат вистински празник во Охрид. Плановите и програмагата за подготовките се направени и фокусирани сме на што подобар резултат во Суперлигата", изјавија од клубот за локалните медиуми.

Тренерот Раде Стојановиќ за на 27 јули ја закажа првата прозивка, а клубот потврди дека повторно ќе учествува на Струшкиот турнир кој треба да се одржи кон крајот на месец август.