Охрид не дозволи нов пораз и ѝ се реваншира на косовска Беса Фамгас

Ракометарите на Охрид не грешат двапати и денес ѝ се реваншираа на екипата на Беса Фамгас, победувајќи ја со сигурни 27-24 (17-12), во вториот меѓусебен дуел одигран за два дена во салата „Билјанини Извори“.

Вчера, избраниците на Раде Стојановиќ запишаа пораз од минимални 23-22, но денес не дозволија нов кикс и со сигурна игра во текот на сите 60 минути извојуваа заслужена победа од три гола разлика. 

По пет пати прецизни во охридскиот состав беа Бобан Блажески и Филип Кривокапиќ, на четири застана Наум Костов, додека три реализираше Денис Тот. Во составот на Беса Фамгас, Арбиос Мушкулај со четири голови заврши најефикасен.

До продолжението во Суперлигата остануваат нешто повеќе од две недели во кои охридските ракометари ќе работата на тактички план после исцрпувачките подготовки изминатиов период.