Охрид не дава бодови крај езерото, лесно го реши Работнички

Ракометарите на Охрид, имаа успешна премиера пред публиката во СРЦ „Билјанини Извори“ и успеаја да го совладаат повратникот во елитата Работнички со 34-22 (18-10), во рамки на второто коло од Суперлигата.

  • Комплетниот натпревар на Охрид 2013 и Работнички:

„Гладијаторите“ имаа одличен натпревар, го диктираа темпото на игра и го контролираа резултатот во текот на целиот дуел. Разликата меѓу двата тима беше евидентна уште на стартот, кога Охрид поведе со 5-0, а предноста од пет гола траеше и понатаму (12-7).

До паузата, охриѓани ја зголемија предноста на осум гола (18-10), а на стартот на вториот дел се дојде до убедливо водство од десет гола (22-11), кое се држеше се до финишот на средбата.

Најдобар кај Охрид беше Блажески со шест гола, а Кривокапиќ и Тасески дадоа по пет гола. Кај Работнички, симултанка имаше Давор Палевски со десет гола, но недоволна за триумф.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 15 13 2 0 515:374 141 41
2 Охрид 2013Охрид 2013 15 12 1 2 424:335 89 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 16 12 1 3 429:377 52 37
4 Пролет 62Пролет 62 16 11 2 3 510:412 98 35
5 РадовишРадовиш 15 7 1 7 432:441 -9 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 16 7 0 9 430:477 -47 21
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 15 5 2 8 391:396 -5 17
8 Металург 2Металург 2 16 2 1 13 437:525 -88 7
9 СтругаСтруга 15 1 1 13 347:457 -110 4
10 РаботничкиРаботнички 15 1 1 13 416:537 -121 4