Охрид му даде нов договор на Ристевски, Бркиќ се сели во Тузла

Суперлигашот Охрид продолжува со градење на екипата за следната натпреварувачка сезона во која клубот ќе настапи во европските купови. Учесникот во ЕХФ Купот го продолжи договорот со голманот Бобан Ристевски за следната сезона, со можност истиот да биде дополнително продолжен.

Воедно клубот ја информира јавноста дека од редовите на ГРК Охрид заминува голманот Берин Бркиќ. Слобода Тузла е следната дестинација на босанскиот голман. 

„ГРК Охрид изминатиот период беше исклучително активен. Голем дел од играчите кои се носители на играта ги продолжија договорите, а клубот обезбеди и повеќе квалитетни засилувања со што Охрид ќе биде уште поконкурентен во првенството во следната сезона“, велат од клубот.

Охрид следната сезона ќе ја претставува Македонија во ЕХФ Купот,, по четвртото место во Суперлигата,