Охрид му даде 41 гол на Борец, Вардар Јуниор со „минималец“ против Прилеп

Ракометарите на Охрид прославија убедлива победа над ГРК Борец со 26-41 во меч од третото коло во Суперлигата. Избраниците на Горан Андоновски немаа никакви проблеми со младинците од Велес и уште на полувреме обезбедија висока разлика (12-20).

Во вториот дел само се зголеми предноста, а шанса за настап добија сите ракометари од клупата кај гостите. Најдобар стрелец кај охриѓани беше десното крило Блажески со 11 голови, а по седум дадоа Георгиевски и Андоновски, додека кај велешани се истакна Ристов со седум голови.

Вардар Јуниор на домашен терен со 29-28 го победи составот на Прилеп. Гостите отворија со водство од 0-3, но во продолжение домашните ракометари заиграа подобро и до паузата обезбедија минимална предност, 13-12.

Во вториот дел прилепчани, предводени од искусните Бозароски и Ролевски, повторно ја вратија конторлата на мечот и поведоа со 20-23. Сепак, попуштија во моментите кога најмалку требаше и младите и полетни домаќини со серија од 7-1 дојдоа до 27-24.

До крајот гостите само успеаја да намалат на - 1, но немаше дилеми околу победникот и Вардар Јуниор победи со 29-28. Најдобри стрелци кај домашниот тим беа Кукуловски со девет и Крстевски со седум голови, додека кај Прилеп, Бозароски и Ѓорѓиоски дадоа по седум погодоци.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 1 1 0 0 37:30 7 3
2 РадовишРадовиш 1 1 0 0 32:28 4 3
3 Пролет 62Пролет 62 1 1 0 0 21:19 2 3
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 1 1 0 0 26:24 2 3
5 РаботничкиРаботнички 1 0 1 0 25:25 0 1
5 СтругаСтруга 1 0 1 0 25:25 0 1
7 ПелистерПелистер 1 0 0 1 24:26 -2 0
7 Охрид 2013Охрид 2013 1 0 0 1 19:21 -2 0
9 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 1 0 0 1 28:38 -10 0
10 Металург 2Металург 2 1 0 0 1 30:37 -7 0