Охрид лесно славеше во Прилеп, дуелот прекинат заради празнење на трибината

Ракометарите на Охрид ги исполнија ветувањата и улогата на фаворит и ја продолжија победничката серија во Суперлигата. Избраниците на Горан Андоновски го совладаа Прилеп на гостински терен со 21-39 (10-17) во последниот натпревар од седмото коло на македонскиот ракометен шампионат.

Дуелот го одбележа прекин кој траеше повеќе од половина час. Судиите Ѓорги Начевски и Славе Николов побараа испразнување на трибината каде што се наоѓаа навивачите на Охрид. Мечот продолжи како ништо да не се случило 30-тина минути подоцна. 

Бобан Блажески со десет и Иван Тасески со четири погодоци беа најдобри во победничката екиа, а кај поразениот Прилеп се истакнаа Давор Шокоски со четири и Филип Ангелоски и Јане Јанески со по три гола.

Во следното коло „гладијаторите“ гостуваат во Битола кај Еурофарм Работник, единствената екипа со максимачен учинок во лигата, 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0