Охрид лесно се справи со Работнички и се искачи на врвот во Суперлигата

Ракометарите на Охрид продолжуваат со одличните настапи во домашниот шампионат и за првпат оваа сезона ќе гледаат од највисокото место на табелата. 

Во единствениот денешен натпревар од 11. коло на ракометната елита на Македонија, „гладијаторите“ сосема очекува извојуваа лесна победа на гостувањето кај Работнички (27-37), па со 28 бода се искачија на првата позиција на табелата, со два бода повеќе од Металург, кој има меч помалку заради обврските во ЕХФ Купот. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Работнички и Охрид:

По тешкиот триумф од само еден гол над Пролет пред една седмица, избраниците на Раде Стојановиќ одиграа рутински меч во „Кале“ на кој имаа водство од првата до последната минута. Во одредени моменти од првиот дел тоа изнесуваше пет гола, а на полувреме се замина со дотогаш највисоки +7. 

Во вториот дел Работнички заигра поангажирано, во одредени моменти беше подобриот противник на паркетот, намали на само четири гола, но немаше сили да го задржи тоа темпо и Охрид влезе во офанзива во финишот и извојува убедлива победа од 27-37.

Kaj Работнички единствена светла точка беше Давор Павлевски со 11 гхола, а Гичев и Полиак постигнаа по пет. Во составот на Раде Стојановиќ најпрецизен беше Блажески со десет гола, а Тасески реализираше седум.

Заостанатиот натпревар меѓу Вардар Јуниор и Металург на програмата е за три дена во салата „Јане Сандански“. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 ПелистерПелистер 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4