• Иван Димовски
Ракометниот клуб Охрид ќе игра во финалето на Европскиот куп на ЕХФ. Хитот во сезоната на мак-ракометот го елиминира Целје по огромна борба во двата натпревари по пенал-рулетот, а сега го чека уште посериозен предизвик. Ривал во борбата за трофејот ќе биде Татабања, клуб со најголем буџет во натпреварувањето.
Согласно пропозициите на ЕХФ, предноста на домашен терен за реваншот во финалето се одредува преку ждрепка. Во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена се одржа извлекувањето, а Охрид имаше среќа и ќе игра реванш пред своите навивачи.
Првиот натпревар во Татабања ќе се игра на 23 или 24 мај, додека реваншот во „Билјанини извори“ е закажан за 30 или 31 мај.
За потсетување, ланскиот трофеј го освои македонскиот тим Алкалоид, а Охрид сака да го повтори овој успех.


