Охрид ќе ги поздрави шампионите – еве кога е прославата на плоштадот!

Градот Охрид вечерва ќе ги поздрави своите европски шампиони. Прославата по повод историскиот успех на ГРК Охрид и освојувањето на Европскиот куп на ЕХФ започнува во 19:00 часот на градскиот плоштад.

Според најавите, шампионите ќе пристигнат во 20:00 часот, кога охриѓани ќе имаат можност да ги поздрават ракометарите кои испишаа нова страница во историјата на клубот и македонскиот ракомет.

Се очекува голем број навивачи и граѓани да присуствуваат на свечениот пречек и заедно со играчите да го прослават најголемиот успех во историјата на клубот кој дојде до европско одличје со двете победи над унгарска Татабања во финалето.