Охрид се засили меѓу стативите со поранешен голман на Вардар и Пелистер

Градимир Чаневски и официјално е нов член на ГРК Охрид. Искусниот 36-годишен голман во Охрид доаѓа од израелскиот Макаби Ришон. Чаневски со Охрид си подадоа рака за соработка од две години.

„После две години во странство се одлучив за ГРК Охрид. Задоволство ми е што во наредните две сезони ќе бидам член на Охрид, бидејќи тоа е клуб кој одлично е организиран и менаџиран, пополнет со квалитетен кадар како играчки, така и во стручниот штаб и управата. Клуб со амбиции кои со работа верувам дека ќе се остварат“, изјави Чаневски.

Градмир Чаневски е повремен сениорски репрезентативец на Македонија со која има настап на Европско првенство и Медитерански игри. 

Настапувал и за младата репрезентација, а на клупско ниво бил член на македонските гиганти Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер, пред да се пресели во Израел во Макаби Ришон.