Охрид и Куманово ќе го отворат турнирот „Миле Нешковски“

Деветтото издание на меѓународниот ракометен меморијален турнир „Миле Нешкоски“ ќе се одржи од 29 август до 1 септември. Организаторот ги потврди шесте учесници на турнирот. На ова издание ќе ги нема ланските финалисти, освојувачот Дубочица од Србија и Мулти Есенс

Освен домаќинот Прилеп, ќе настапат уште четири македонски екипи. Тоа ќе бидат Охрид, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш и Куманово. Единствениот странски претставник ќе биде екипата на Врање од Србија. 

Охрид и Куманово ќе го одиграат првиот натпревар на турнирот, а на првиот ден ќе играат уште и пелагониските ривали, Прилеп и Еурофарм Пелистер 2.

Натпреварите ќе се играат на 29, 30 и 31 август, со финалето закажано за 1 септември.