• Саше Љолес
Екипата на ГРК Охрид со победа го заврши настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновки“ и го совлада црногорскиот претставник, Ловќен, со убедливи 42-25.
Ловќен беше рамноправен ривал само во воведните 15 минути, а потоа на теренот постоеше само еден тим. Тренерот Стевче Алушовски им даде шанса на повеќе млади ракометари, а конечниот резултат беше вистински приказ за случувањата на паркетот.
Охриѓани го комплетираа настапот на турнирот и ја освоија седмата позиција во конечниот пласман.
Најдобар поединец беше Андоновски со пет постигнати гола, а воедно ја доби и наградата за играч на натпреварот, а ист учинок имаше и Костов. Во тимот на Ловќен прво име беше Брновиќ, кој запиша седум гола зад своето име.