„Охрид го збогати ростерот, имаме квалитет за највисоки дострели!“

Ракометарот на ГРК Охрид, Дарко Ѓукиќ, даде изјава во однос на очекувањата од пролетната полусезона во Суперлигата, каде неговата екипа има јасни и нескриени високи амбиции. 

Србинот е убеден во квалитетот на охриѓани и смета дека колективот уште повеќе ќе расте со доаѓањето на новите искусни засилувања. 

„Мислам дека успеавме да ја кренеме екипата во однос на почетокот на сезоната. Имаме и нови засилувања, сега со нас е и Прибетиќ, па затоа очекувам да бидеме уште посилни на следните мечеви.

Земавме неколку скалпови на фаворитите, не гледам зошто да не го повториме тоа и во круцијалниот дел од сезоната.

Ростерот е проширен и поквалитетен, би сакале да ги радуваме навивачите со уште повеќе победи и успешни резултати во плеј-офот“, изјави Ѓукиќ. 

Охрид го комплетираше првиот дел од сезоната на третата позиција на табелата, веднаш зад Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.