• Саше Љолес

Екипата на ГРК Охрид го „распарчи“ составот на Куманово и славеше со убедливи 20-35 во рамките на третото коло од македонската ракометна Суперлига.
Гостинскиот состав беше многу помотивиран и веднаш покажа дека нема намера да ги остави бодовите во Куманово. Охриѓани го полнеа голот на домашните од сите страни и не му дадоа ниту најмала шанса на Куманово да се доближи резултатски. На паузата гостите имаа водство од девет голови разлика, 10-19.
Во вториот дел Охрид продолжи со силното темпо. Кумановчани не успеаја да го поправат впечатокот и се чинеше дека многу рано сфатија дека немаат што да бараат против разиграниот ривал. Охриѓани имаа предност од дури петнаесет голови разлика во 55. минута (16-31), а на крајот конечниот резултат гласеше 20-35.
- Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Охрид:
Гостинскиот тим апсолутно заслужено дојде до триумф и нови бодови во Суперлигата, додека Куманово својата шанса за подобар впечаток ќе ја бара на следните натпревари. Стоилевски и Шипинкоски со по пет гола беа најефикасни во победничкиот табор, а по четири постигнаа Бојаниќ и Тасески.