• Саше Љолес

Пионерскиот тим на Охрид триумфално го заврши завршниот турнир во својата конкуренција, откако во финалето го совлада Еурофарм Пелистер 2 со конечни 21-12 (10-6).
- Комплетниот натпревар меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2:
Охриѓани беа најдобри на турнирот што се одржа во Битола, а овој тим го даде и најкорисниот играч (МВП) - Илија Трајчески, кој постигна вкупно деветнаесет погодоци.
Во мечот за третото место Вардар 1961 го надигра Алкалоид со 24-18. Најдобар голман на турнирот е Симон Јованоски од Охрид, а во идеалниот тим се најдоа уште Илија Трајчевски од Еурофарм Пелистер, Илија Трајчески од Охрид, Никола Никчевиќ (Вардар 1961), Марко Ѓорѓиевски (Алкалоид) и Димтри Колески од Охрид.




