• Горан Упале

ГРК Охрид го затвори ростерот за сезоната 2026/27 и со 22 ракометари ќе ги започне подготовките за новите предизвици. Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ првата прозивка ќе ја имаат на 24 јули, кога официјално ќе стартуваат подготовките.
Охриѓани ги очекува исклучително возбудлива сезона, во која покрај настапите во домашниот шампионат повторно ќе играат и на европската сцена. „Гладијаторите“ ќе го бранат трофејот во ЕХФ Купот, освоен минатата сезона, што претставува најголемиот предизвик за клубот.
Во составот на Ројевиќ се најдоа добро познати имиња, а летните засилувања треба дополнително да ја зголемат конкуренцијата во тимот. Нов член на охридскиот состав е и македонскиот репрезентативец Филип Талески, кој ќе биде едно од најголемите засилувања за новата сезона.

