Охрид го комплетира голманското трио, Блажески потпиша двегодишен договор

ГРК Охрид го комплетира голманското трио за следната сезона, а како што беше најавено потпис на договор стави Бојан Блажески.

27-годишниот голман потпиша договор со „гладијаторите“ за следните две сезони. По осум години во редовите на Бутел Скопје голманот се пресели во Охрид, откако претходно бранеше за Металург и Борец. 

За следната сезона Охрид меѓу стативите останува со Градимир Чаневски, Даниел Ѓорѓески и како дополнителна опција Бојан Блажески. 

Овој клуб добива нов тренер, на клупата седнува Бојан Ројевиќ, а веќе пристигнаа квалитетни засилувања. Амбициите на Охрид ги потврдуваа и потписите на Анте Иванковиќ, Стефан Петриќ, Тилен Стрмљан, Предраг Вејин, Николаос Лапис и Ориол Реј Моралес.