• Редакција Gol.mk
Се предвидува најсилниот плеј-оф во шампионатот на Македонија во ракомет во нашата историја. По враќањето на Филип Кузмановски во матичниот клуб - Еурофарм Пелистер, второ големо име за клубовите од нашата лига за пролетните натпревари е јапонскиот среден бек Хироки Мацуока.
Чешкиот клуб Брно, каде одлично настапува поранешниот ракометар на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, Дејан Кукуловски, потврди дека Јапонецот Мацуока потпиша за Охрид. Јапонскиот репрезентативец ја одигра полусеозната во Чешка и нетовиот клуб веќе му се заблагодари на прикажаното. Се работи за среден бек кој има 26 години и добро репрезентативно искуство. Селекторот Сигурдсон го повикува веќе неколку години, иако неговата минутажа не е така голема како во клубовите.
По настапите во Осака, тој летово првпат дојде во Европа и го поведе Брно во Европскиот Куп на ЕХФ. Мацуока доаѓа како МВП на јапонското првенство во сезоната 2023/24 и еден од најдопбрите странци во чешкото првенство оваа есен. Деталите за трансферот и должината на договорот не се познати за јавноста.
Веќе неколку месеци Јапонецот, Косуке Јосихура, игра главна улога во Вардар 1961. Последниот еден месец го мина во шампионатот на Азија, а неизвесно е дали напролет пак ќе го облече дресот на Вардар 1961, и покрај позајмицата од Висла Плок која важи до јуни 2024 година.
Охрид во плеј-офот ќе влезе од второто или третото место во групата А на Суперлигата.