Охрид го доби Драчево и закажа дуел со Еурофарм Пелистер за место на Ф4 турнир

Екипата на ГРК Охрид немаше големи проблеми против Драчево (27-41) и закажа дуел со Еурофарм Пелистер во четвртфиналното финале од Купот на Македонија.

  • Комплетниот натпревар меѓу Охрид и Драчево: 

Уште на паузата беше познат победникот на оваа средба, која се одигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Охриѓани одиграа ефикасно полувреме и побегнаа на двоцифрена разлика во пресрет на вториот дел (11-21).

Идентичен расплет на настаните донесе и продолжението од мечот. Фаворитот не попушти и дополнително ја зголеми разликата, за на крај да слави со конечни 27-41. Симултанка за победничката екипа одигра Славчо Шулески кој заврши со единаесет погодоци зад своето име.

На патот до завршниот турнир, Охрид ќе се сретне со Еурофарм Пелистер попладнево во 19:30 часот. Битолчани претходно победија против Алкалоид и застанаа на чекор од полуфиналната фаза.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија