• Зоран Мишевски
По Еурофарм Пелистер и Тиквеш, оваа недела и Вардар 1961, а следната и Охрид ќе ги започнат натпреварите во европските клупски натпреварувања на ЕХФ. Охрид се наоѓа во подготовка за дуелот со романската екипа Потаиса Турда.
Утре стартува онлајн продажбата на билетите за натпреварот ГРК Охрид – АХЦ Потаисса Турда кој ќе се игра на 19 октомври од 19:00 часот во рамките на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.
„Купете билет навреме и бидете 8миот играч на екипата и дел од овој спектакл! Цената на билетот за сите блокови е 250 денари“, информираат од ГРК Охрид.
Продажбата на картите стартува од осми октомври на https://mktickets.mk/event/grkoh/.