Охрид доминантен во „езерското дерби“, Радовиш му даде 41 гол на Работнички

„Езерското дерби“ меѓу Струга и Охрид мина во тотална доминација на гостите и „рибарите“ запишаа убедлив триумф (10-28) во рамки на ракометната Суперлига.

Стружани се далеку кога се работи за ростерот од минатата сезона, па убедливата победа на Охрид беше очекувана. Тимот на Мојсоски се соочи со удар пред стартот на актуелната сезона и големи финансиски проблеми, па охриѓани тоа го искористија и пред домашната публика ѝ нанесоа убедлив пораз на Струга.

Блажески и Тасески дадоа по пет гола, а Ристески и Костов имаа по четири гола во дресот на Охрид, додека кај Струга, Новаковиќ и Симоноски завршија со по три гола.

Радовиш на домашен терен беше одличен и му даде 41 гол на Работнички (41-33). Разликата меѓу двата тима беше евидентна цела средба, а дека ќе се заблежи сигурна победа се најави уште на паузата, кога домашните водеа со 22-13.

Ивица Илиев беше најдобар кај радовишани со 12 гола, Николов додаде уште десет, додека кај гостинот од Скопје, Давор Палевски постигна 12 погодока.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 11 9 2 0 369:283 86 29
2 Охрид 2013Охрид 2013 11 9 1 1 314:253 61 28
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 11 8 1 2 304:265 39 25
4 Пролет 62Пролет 62 11 7 2 2 337:286 51 23
5 РадовишРадовиш 11 5 1 5 329:329 0 16
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 11 5 0 6 307:333 -26 15
7 ПелистерПелистер 11 3 2 6 283:288 -5 11
8 РаботничкиРаботнички 11 1 1 9 319:378 -59 4
9 Металург 2Металург 2 11 1 1 9 307:378 -71 4
10 СтругаСтруга 11 1 1 9 252:328 -76 4