• Иван Димовски
Ракометниот клуб Охрид по двете убедливо минати рунди во Европскиот куп на ЕХФ го очекува и осминафинален двомеч. „Гладијаторите“ досега ги прескокнаа Баки од Азебејџан и Слога Добој од Босна и Херцеговина, а денес го дознаа и следниот ривал.
Европската ракометна федерација ја одржа осминафиналната ждрепка на која беа одредени паровите. Охрид имаше среќа да налета на Дукла Прага од Чешка.
- Парови за осминафиналето на ЕХФ Купот:
Бидејќи беше носител во извлекувањето, екипата на Охрид првиот натпревар ќе го игра на гостински терен во Прага. Потоа реваншот и клучната борба за четвртфинале ќе се води во СЦ „Билјанини Извори“.
Првите натпревари ќе се играат на 14 и 15 февруари, додека реваншите се закажани за 21 и 22.


