Охрид доби босански ривал во третото коло на Европскиот куп на ЕХФ

Со две победи против Баки од Азербејџан, македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп, Охрид на Борис Ројевиќ, се пласираше во третото коло од ова натпреварување, а денеска го доби следниот противник.

„Гладијаторите“ поради високиот рејтинг ждрепката ја пречекаа како носители, па среќата посака да добијат балкански ривал. Охрид во третото коло на ЕХФ Купот ќе одигра двомеч против Слога Добој од Босна и Херцеговина.

Првите натпревари од 3. коло ќе се одржат на 15/16 ноември, додека реваншите се закажани за следната недела, на 22/23 ноември. Победниците од овие натпревари ќе се пласираат во осминафиналето, кое ќе се игра во февруари 2026 година.

Во ова натпреварува Македонија имаше уште два претставника. Тиквеш беше елиминиран од Бешикташ, додека Бутел изненадувачки го загуби двомечот со Дуделанж.