• Мартин Танасковски
Македонскиот тим ГРК Охрид се пласира во осминафиналето на ЕХФ Купот, а таму ќе ја чека ждрепката од првиот шешир, објавија од европската куќа на ракометот.
Избраниците на српскиот тренер Борис Ројевиќ може да налетаат на ривали од БиХ, Чешка, Финска, Унгарија и Турција.
Шешир 1: ГРК Охрид (Македонија), Карвина (Чешка), Олимпијакос (Грција), Рунар Сандерфјорд (Норвешка), Бузау (Романија), Целје (Словенија), Тримо Требње (Словенија), Нилуфер (Турција)
Шешир 2: Извиѓач (БиХ), Којнух (БиХ), Дукла Прага (Чешка), Брно (Чешка), БК-46 (Финска), Балатонфуерди (Унгарија), Татабања (Унгарија), Бешикташ (Турција)
Ждрепката ќе се одржи на 25 ноември, а осминафиналињата се играат во февруари.

