ОФИЦИЈАЛНО: Вуко Борозан ќе „пука“ за ГРК Охрид!

Суперлигашот Охрид уште еднаш потврди дека има високи амбиции во тековната, но и во сезоните кои следуваат. „Гладијаторите“ договорија уште едно големо засилување, односно директна замена за заминатите Младен Крсманчиќ и Теимурас Орјоникидѕе во бековската линија. 

Во Охрид доаѓа црногорскиот „бомбардер“ Вуко Борозан. Откако бекот заврши и се раздели со Вардар се споменуваа повеќе опции за продолжување на неговата кариера. Можеше да се врати во татковината, да заигра на Блискиот Исток или во Словенија, ама сепак тој останува во земјава. 

Борозан со Охрид потпишa договор до крајот на сезоната. Се очекува тој да му биде од помош на тренерот Борис Ројевиќ во клучните борби во Суперлигата, ама и во ЕХФ Купот во кој охриѓани имаат високи амбиции.