ОФИЦИЈАЛНО: Веспрем по две години пауза се враќа во СЕХА лигата

Унгарскиот шампон Веспрем беше доста активен во текот на денешниот ден. Прво го официјализира трансферот на Вуко Борозан, па објави дека ја продолжува соработката со Давид Дејвис, за на крај да обелодени дека во следната сезона се враќа во СЕХА лигата. 

По две години пауза, Веспрем се реши да се врати на местото каде во минатото освојуваше трофеи и го потврди своето учество во регионалното ракометно натпреварување. Токму унгарскиот тим е последниот кој успеал да ја освои СЕХА лигата пред тригодишната доминација на Вардар (2014/15 и 2015/16).

Новата сезона на СЕХА лигата започнува на почетокот на септември, а Македонија ќе ја претставуваат шампионот Вардар и вицешампионот Еурофарм Работник.  

СЕХА лигата наскоро ќе го официјализира последниот 12-ти учесник следната сезона, а дилемите се меѓу Олимпијакос и Татабања.