ОФИЦИЈАЛНО: Веспрем плати обештетување и го доведе Николај Маркусен

Во потрага по единствениот трофеј кој му недостига, унгарскиот гигант Веспрем не престанува да се засилува. Тренерот на екипата Давид Дејвис пазари паметно и проверено, а две бази од кои се потпира за доведување на ракометари се неговите поранешни екипи Реновалиа Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) и Вардар.

Откако го донесе Данил Шишкарев од редовите на Вардар, Веспрем денес го официлизира трансферот на левиот бек од Данска, Николај Маркусен. Левиот бек доаѓа Силкеборг, а унгарскиот шампион ќе плати и обештетување, бидејќи високиот Маркусен имаше важечки договор до 2023 година. 

211-сантиметри високиот Маркусен на левата бековска позиција ќе ја дели минутажата со Вуко Борозан. Норвежанецот настапуваше заедно со Дејвис во Атлетико Мадрид, во тимот во кој настапуваше и Кирил Лазаров.

Покрај Шишкарев и и Маркусен, Веспрем го врати од позајмица од Натурхаус Ла Риоха, Патрик Лигетвари.