ОФИЦИЈАЛНО: Вардар потврди, средбата против Елверум од ЛШ е одложена

Откако веќе беше најавено, стигна и официјализација директно од ракометниот клуб Вардар дека средбата против Елверум во рамките на второто коло од Лигата на шампионите која беше закажана за 24 септември, е одложена. 

Причина за ваквата одлука на клубовите по консултација со ЕХФ е донесена поради строгите протоколи кои ги донесоа одговорните власти во Норвешка. Така, доколку Елверум гостува во Скопје, по враќањето во својата земја би морал да мине двонеделен карантин. 

ЕХФ веќе работи на попуштање и олабавување на мерките барем за тимовите кои настапуваат во Лигата на шампионите, а веќе се преговара и за новиот датум на одигрување на планираната средба во Скопје.