ОФИЦИЈАЛНО: Стајнс пристигна во Париз како замена за повредениот Карабатиќ

Стеинс Лук

ПСЖ ја претстави замената на Никола Карабатиќ, кој поради тешка повреда на коленото ќе ја пропушти цела сезона.

Во редовите на тимот на Раул Гонзалез пристигна холандскиот плејмејкер Лук Стајнс. Тој ќе биде задолжен за организација на играта на „светците“ и ќе ја доигра сезоната во дресот на францускиот гигант.

25-годишникот доаѓа од екипата на Тулуз, што значи дека за него францускиот шампионат не е непознаница. Сепак, одговорноста за него ќе биде на настапите во Лигата на шампионите, каде притисокот и очекувањата ќе бидат повисоки.

„ПСЖ е сон за секој професионалец. Чест ми е што ќе играм во еден голем клуб. Имаме многу предизвици до крајот на сезоната, едвај чекам да започнам со работа“, изјави Холанѓанецот.

Избраниците на Гонзалез се мачат на стартот од новата сезона. Нивната форма е променлива, а со оглед на големата конкуренција во Лигата на шампионите, моментално ретко кој гледа во нив први фаворити за европскиот трофеј.