• Горан Упале

Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Раул Гонзалез, нема намера да ја напушти Франција, односно тамошниот шампион Пари Сен Жермен.
Она што беше најавено пред неколку денес, денес доби потврда – шпанскиот стратег потпиша нов договор со „светците“ и на клупата на тимот ќе биде уште најмалку до јуни 2023 година.
Отсуството од успех во Лигата на шампионите на момент ја замисли управата на ПСЖ, но 51-годишниот стратег повторно ја доби довербата и останува на чело на најбогатиот ракометен колектив на светот.
Раул, кој ја донесе првата европска титула во Македонија, се приклучи на клубот од француската престолнина во 2018 година.