• Горан Упале
Maкедонскиот ракометен тренер Раде Стојановиќ и официјално е нов тренер на Ајдовшчина, клуб кој што се натпреварува во второто по ранг натпреварување во Словенија.
Целта на клубот за оваа сезона е враќање во елитата, a токму на тој пат е по половина од шампионатот. Ајдовшчина бележи позитивни резултати сезонава и е на второто место на табелата, но неочекувано беше во потрага по нов тренер. Досегашниот, Дарко Тавриќ, поради лични причини се реши да го напушти кормилото на тимот, а негов наследник е некогашниот македонски репрезентативец.
Словенија е добро позната средина за Стојановиќ, затоа што и како и играч и како тренер ги бранеше боите на Тримо Требње. Во својата тренерска кариера досега беше на чело на Металург, Охрид и Тиквеш во Македонија, а имаше и кратка авантура во Катар.